Достапни линкови

Нападот во Синај, промена на тактиката на ИД


Терористичкиот напад врз џамијата во северниот дел на египетскиот полуостров Синај укажува на промена во активноста на терористите. Освен тоа, овој напад, според аналитичарите, сигнализира и на тоа дека полустровот Синај можеби ќе биде ново борбено поле против терористите.

Нападот врз џамијата Ал Равада Суфи минатиот петок е првиот напад врз една џамија во Египет. Тоа е, исто така, најсмртоносниот терористички напад во таа земја, со оглед на тоа што бројот на жртвите изнесува 305 лица.

Се верува дека зад нападот стои групата Вилајат Синај, огранок на терористичката организација Исламска држава.

Оваа група е одговорна за повеќе масовни напади и бројни убиства.

Експертите велат дека оваа група е сосема различна од екстремистичките организации во Сирија и Ирак, бидејќи нејзините членови главно се локални жители што ја отежнува борбата против нив.

Египетскиот политички аналитичар Адел Сабри вели:

„Поголемиот дел од групата Вилајат Синај се домашни луѓе, а не странци. Она што ја прави групата опасна е тоа што тие ги знаат патиштата, луѓето и засолништата и знаат да се борат во тоа локалното подрачје. Ова е огромен проблем“, вели тој.

Овој напад имаше цел цивили кои го поддржуваат владиното анти-терористичко движење.

Тоа значи дека терористите ги пренасочуваат своите цели од припадници на армијата и полицијата кон цивили.

Сабри, додава дека благодарение на меѓународните анти-терористички напади, Исламската држава ги губи моќта и влијанието во сите региони на Сирија и Ирак.

Но, тоа, како што вели, доведува се повеќе терористи да се префлуваат на Синајскиот Полуостров.

„Сега имаме голема загриженост дека по овој напад на Синај, тука ќе бидат префлени голем број терористи. Како што ќе минува времето, тука ќе биде се поопасно“, вели тој.

Според Сабри, неопходно е зајакнување на антитерористичките сили во оддалечените региони, како што е Синајскиот Полуостров, а во меѓувреме да се зацврсти меѓународната соработка за спречување на ширењето на тероризмот на други места.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG