Достапни линкови

Борисов - Коридорот 8 е приоритет на Бугарија во регионот


Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов положија цвеќе на споменикот на Борис Трајковски во Струмица

Коридор 8 е нашиот приоритет. Тој е од животно значење за нашиот регион, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на почетокот на првата заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија, што се одржува во Струмица.

Високата бугарска делегација претпладнето, во манастирот Водоча, крај Струмица, ја пречека македонскиот премиер Зоран Заев, кој истакна дека тој за него е прво пријател, а потоа колега.

Бугарскиот премиер рече дека без европска солидарност нема ниту економски, ниту европски развој.

Според него, за Бугарија регионот е приоритетна тема и денешната средба во Струмица е доказ токму за тоа.

Во моментов во Домот на АРМ во Струмица се одржува заедничка седница меѓу владите на Бугарија и Македонија, а на дневниот ред се девет договори од повеќе области и една заедничка декларација.

XS
SM
MD
LG