Достапни линкови

Се укинуваат казнените одредби за регулација на новинарската професија


Се укинуваат казнените одредби за регулација на новинарската професија по предлог на Здружението на новинари на Македонија. Одлуката за бришење на измените во членот 61 во текот на вчерашната јавна дебата беше поздравена и од претседателот на ЗНМ Насер Селмани, кој јавно потенцираше дека е задоволен што е прифатена неговата забелешка. Поради тоа, изненадува неговата денешна изјава во која тој повторно ја обвинува Владата дека со измените во Законот за АВМУ се обидува да ги контролира медиумите, се вели во писмената реакција од Владата.

Последната верзија од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) што ќе влезе во собраниска процедура, ќе биде резултат на препораките и забелешките на сите засегнати страни,инфрормираат од владината прес служба.

Министрите Манчевски и Поповски, јасно истакнаа и дека забелешките на Селмани се прифаќаат, како и дека измените во членот 61 од Законот ќе се укинат. Министрите јавно го потврдија и ставот дека Владата не е и нема да биде мотор на реформите во медиумите, туку само ќе помага со заеднички усвоените механизми, се вели во соопштението од владината прес служба.

XS
SM
MD
LG