Достапни линкови

И власта и опозицијата со амандмани за Предлог-законот за јазици


Од седница на парламентарната Комисија за европски прашања

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесоа четири амандмани на Предлог-законот за употреба на јазиците што ќе значат унапредување на правата на етничките заедници во земјата, изјави денеска координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев. Амандманите, според него, имаат поддршка и од коалицискиот партнер ДУИ. Со амандманската интервенција се унапредува позицијата на помалите етнички заедници кои се наведени во преамбулата во Уставот, потенцираше Тунтев, што ќе овозможи и овие заедници да остваруваат одредени права предвидени во предложеното законско решение. Станува збор, како што појасни тој, за амандман на членот 1 на предлог-законот во кој освен албанскиот јазик СДСМ предлага да се набројат и јазиците на сите етнички заедници наведени во преамбулата на Уставот. Исто така СДСМ поднесе амандман и за намалување на висината на казните што беа наменети за институциите што нема да го почитуваат законот. Според нашиот предлог, казните од 4.000-5.000 евра се намалуваат на 1.000-2.000 евра. Потоа исто така ја допрецизираме регулативата при водењето на седниците во Собрание и во Влада, рече Тунтев.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, поднесоа 84 амандмани за овој Предлог-закон. И тие, како и нивните колеги од владејачкото мнозинство, предлагаат дополнување на членот 1 од текстот со наведување на јазиците на сите етнички заедници, односно копирање на уставната преамбула. Исто така тие амандмански предлагаат намалување на казните предвидени во предлог-законот за институциите, од 4.000-5.000 евра на 40-50 евра. Со еден од амандманите се бара бришење на сите членови од предлог-законот. ВМРО-ДПМНЕ преку амандманите предлага судските постапки да се водат според материјалните закони, а одлуките да бидат на македонски јазик и потоа да се преведуваат на јазикот на заедниците, во државните институции албанскиот јазик да се употребува само во средините каде што тие се над 20 отсто, а не на целата територија, упатството на лековите да биде на сите јазици...

За Предлог-законот за употреба на јазиците се поднесени 90 амандмани, од кои 84 се на опозицијата, четири на СДСМ и два на Беса.

XS
SM
MD
LG