Достапни линкови

Поднесени 90 амандмани за законот за употреба на јазиците


Архивска фотографија: Седница на собраниската Комисија за европски прашања

Вкупно 90 амандмани се поднесени за Предлог-законот за употреба на јазиците до Комисијата за европски прашања во Собранието до завршувањето на рокот.

Најмногу, 84 амандмани поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ четири и Беса два.

Седницата на Комисијата за европски прашања, на која ќе се разгледуваат амандманите, е закажана за утре во 15 часот, а треба да трае три дена.

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и Беса по завршувањето на општата расправа на предлог-текстот најавија амандмани.

XS
SM
MD
LG