Достапни линкови

Израел ѝ дава на Руанда по пет илјади долари за секој азилант што ќе го прими


Архивска фотографија: Африкански мигранти ранат голуби во паркот Левински во Тел Авив на 9 јануари 2014 година

Израел ќе ѝ плати на владата на Руанда по пет илјади долари за секој Африканец кој барал азил во Израел, а кого Руанда ќе одлучи да го прими, јавија израелските медиуми, а потоа тоа беше потврдено и од еден анонимен израелски функционер. Израелската влада дополнително ќе им плати по 3.500 долари и авионска карта на луѓето што ќе се согласат доброволно да заминат.

Договорот со Руанда не е официјално објавен, па не се знае што освен пари Израел дава за согласноста на оваа африканска земја да ги прифати азилантите.

Се очекува во наредните недели да почне иселувањето на Еритрејци и Суданци. Од иселување се изземени жените, децата, жртвите на трговија со луѓе, како и оние што чекаат одговор на барањето за азил.

Израелската влада на вчерашната седница едногласно го прифати предлогот на се затвори прифатниот центар во пустината Негев на југот на земјата, каде што беа сместени имигрантите од Африка. Израелските власти им вршеа притисок на Еритрејците и на Суданците да заминат, но не ги бркаа со сила. Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека е постигнат меѓународен договор кој овозможува останатите 40 илјади Африканци да си одат од земјата без нивна согласност.

Организациите за човекови права ја поздравија одлуката за затворање на прифатниот центар, но го критикуваат планот за депортирање на оние кои бараат азил.

XS
SM
MD
LG