Достапни линкови

Заев – Договорот со Бугарија ќе биде ратификуван до крајот на годинава


Премиерот на Бугарија Бојко Борисов на 1 август ја посети Македонија и заедно со премиерот Зоран Заев го потпишаа Договорот за добрососедство

Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ќе биде ратификуван до крајот на годината, рече премиерот Зоран Заев во интервју за Бугарската национална телевизија – БТВ. Тој вели дека Македонија и Бугарија не се само пријатели, туку оти станале и сојузници.

„Македонија доби со Договорот за добрососедство со Бугарија, а не загуби ништо. Ние зборуваме на јазик на којшто се разбираме. Само заедно можеме да си помогнеме и да одиме напред“, изјави Заев.

Во однос на историските прашања што ги засега двете земји, Заев рече дека во учебниците веќе не се говори за „бугарскиот фашистички окупатор“ и оти македонското општество го осудило уништувањето на споменикот на Кајмакчалан зашто тоа предизвикало страдање кај Бугарите.

XS
SM
MD
LG