Достапни линкови

Алијансата за Албанците може да го изгуби Министерството за здравство


Премиерот Зоран Заев во посета на Клиниката за гинекологија

Разговорите за изборот на новиот министер за здравство се во тек со коалициските партнери од владејачката коалиција. Во опција се повеќе имиња. Реконструкција на Влада ќе има доколку биде избран кандидат кој не доаѓа од Алијансата за Албанците, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања по предавањето на донација за Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, Заев рече дека добил име како предлог од Алијансата за Албанците за испразнетото министерско место, но има и други имиња кои сакаат да ги разгледаат со цел да се донесе најдоброто можно решение.

XS
SM
MD
LG