Достапни линкови

Баша: Албанија е на црната листа на САД за перење пари од дрога


лидерот на албанската опозициска Демократската партија Љуљзим Баша

Албанија се наоѓа на „црната листа“ на САД на земји во кои најмногу има перење пари од дрога и други криминални активности, изјави лидерот на албанската опозициска Демократската партија Љуљзим Баша. „Американскиот Стејт департмент годинава првпат Албанија ја стави на црната листа на главните земји во светот каде што се перат пари и каде што е констатирано дека банките вршат трансакции на големи суми добиени од меѓународна трговија со наркотици“, изјави Баша. Според него, извештајот на Стејт департментот само ги потврдил обвнивањата на опозицијата за вмешаноста на Владата на албанскиот премиер Еди Рама во трговија со дрога.

XS
SM
MD
LG