Достапни линкови

Османи и Димитров реферираат за реформите во Брисел


Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и евромесарот Јоханес Хан во Брисел

Напредокот во евроинтегративните процеси, спроведувањето на Планот 3-6-9, неопходните реформи и решавањето на политичките прашања, беа дел од темите за кои реферираа вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија што се одржа во Брисел.

Во рамките на дводневната посета на Брисел, на агендата на Османи и Димитров се и средбите со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, како и со потпретседателката и висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини.

XS
SM
MD
LG