Достапни линкови

Путин: САД преку спортот сакаат да се мешаат во изборите во Русија


Путин: наводите за допинг треба да предизвикаат незадоволство во Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Путин: наводите за допинг треба да предизвикаат незадоволство во Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека наводите за допинг-програма спонзорирана од руската држава се обид да се внесе незадоволство пред претседателските избори во земјата.

Извештаите на Светската антидопинг агенција ВАДА ги интензивираа наводите дека во Русија постоела државна допинг програма.

До ова дојде откако од страна на лабораториски и безбедносни службеници било утврдено оти руски спортисти биле допингувани за време на Олимписките игри во Сочи во 2014 година.

Меѓународниот олимписки комитет, кој ги испитува овие наводи, им забрани на повеќемина руски скијачи и други спортисти доживотно учество на Олимписките игри поради прекршување на допинг правилата во Сочи.

Путин, кој се очекува да се кандидира и да победи на претседателските избори, изјави дека влијанието на Соединетите Држави врз меѓународните спортски организации би можело да има штетен ефект врз Русија.

„Ова е она што ме вознемирува: започнуваат Олимписките игри, кога? Во февруари, а кога се нашите претседателски избори? Во март. Постојат големи сомневања дека сето ова е направено - се разбира - да се создадат неопходни услови за незадоволство меѓу љубителите на спортот, спортистите со фактот дека државата, наводно, била вклучена во тие прекршоци и е одговорна за тоа“, рече тој.

Путин додаде дека меѓународни спортски организации, вклучувајќи го и Меѓународниот олимписки комитет биле многу зависни од различни фактори, пред се спонзори, како и од оние кои купуваат телевизиски права за реклами.

„Ова е голем комплекс на врски и фактори на зависност“, изјави тој, додавајќи:

„Има големи сомневања дека, во знак на одмазда за нашето наводно мешање во нивниот избори, тие сакаат да создадат проблеми при изборот на претседател на Русија. Во случај да е така, тоа е многу лошо, бидејќи ја поткопува самата идеја на олимпиското движење“, рече рускиот претседател.

И минатиот месец Путин рече дека Меѓународниот олимписки комитет е под притисок на САД за да ја спречат Русија да учествува на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година.

Како и да е, во светот се зголемува бројот на барања да му се забрани на рускиот тим да учествува на претстојната Зимска олимпијада. За ова прашање Извршниот одбор на МОК ќе решава на состанокот закажан во почетокот на идниот месец.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG