Достапни линкови

Амбасадата на Русија реагира на изјавата на Заев


Архивска фотографија-средба на лидерот на СДСМ Зоран Заев со рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак

Руската aмбасада во Скопје денеска преку соопштение ги отфрли како неосновани и ги смета за недозволиви тврдењата на премиерот Зоран Заев дека, како што пишуваат, Руската Федерација наводно била вмешана во обиди за „ликвидација“ и подготвувала такви акции против него.

Во Русија секогаш внимателно ги следат јавните изјави на високи функционери на други држави, особено оние што ги засегаат односите со нашата земја. Секако, не остана незабележано и неодамнешното интервју на Претседателот на Владата на Република Македонија за црногорското радио „Антена-М“ од 5 ноември оваа година, пишуваат од амбасадата.

"Со зачуденост и загриженост истакнуваме дека во тоа интервју, во контекстот на минатогодишните настани во Црна Гора, шефот на македонската влада, повикувајќи се на некои „репорти“ и „аналитичари“, намерно или не, ја претстави ситуацијата на тој начин дека Руската Федерација наводно била вмешана во обиди за „ликвидација“ и подготвувала такви акции против самиот господин Зоран Заев. Категорично изјавуваме дека ваквите тврдења се неосновани и ги сметаме за недозволиви", се наведува во реакцијата.

Воедно, од aмбасадата оценуват дека таквите тврдења нанесувале штета на односите меѓу двете земји.

"Со жалење констатираме дека истите ја уриваат атмосферата на доверба меѓу нашите две земји и нанесуваат штета на повеќегодишната заемно полезна соработка и се косат со декларираната подготвеност на Скопје за градење конструктивна соработка со Русија, желба за развој на пријателските односи меѓу две нашите земји", стои во соопштението од Руската амбасада.

XS
SM
MD
LG