Достапни линкови

Трансродова жена избрана за пратеничка во Вирџинија


Даника Рем

Демократската кандидатка Даника Рем, со победата против изразено конзервативниот републиканец Боб Маршал во Вирџинија, стана првата трансродова личност која е избрана за член на парламентот во некоја од сојузните држави во САД.

Поранешната новинарка на вчерашните избори го победи Маршал, еден од пратениците со најдолг стаж во парламентот.

Даника Рем во кампањата отворено зборуваше за својот родов идентитет, но тоа не беше во нејзиниот фокус. Таа главно зборуваше за работни места, образование и особено за сообраќајот.

Таа ја почнала терапијата за промена на полот пред пет години, кога имала 28 година, а во кампањата зборуваше дека политиката треба да биде отворена за сите.

Даника Рем во слободно време пее во метал бенд.

Нејзиниот конзервативен противкандидат предлагаше уставен амандман кој би го дефинирал бракот како заедница на еден маж и една жена, предложи закон со кој би им се забранило на хомосексуалците да служат во Националната гарда на Вирџинија, а предложи и закон со кој ќе се ограничи каде трансродовите личности ќе може да одат во тоалет.

XS
SM
MD
LG