Достапни линкови

Хојт Ји: пораката до Србија да не седи на две столчиња беше совет, не ултиматум


заменик помошникот американски државен секретар Хојт Брајан Ји

Пораката Србија да не седи на две столчиња беше совет, а не ултиматум“, изјави заменик помошникот американски државен секретар Хојт Брајан Ји на собирот за Балканот во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон, пренесува Гласот на Америка. Тој прецизирал дека го рекол тоа во контекст на напредокот на Србија кон Европската унија. „На конференција во Белград пред една недела, можеби невнимателно ја употребив српската поговорка дека не може да се седи на две столчиња, но тоа беше во контекст на совет за Србија како побрзо да оди кон ЕУ, Тоа не беше ултиматум или предупредување“, изјави тој, спомнувајќи ја Црна Гора за пример како за брзо приближување кон ЕУ. Ји, како што се додава, истакнал дека Русија од една и САД и ЕУ од друга имаат целосно спротивнна визија за регионот.

XS
SM
MD
LG