Достапни линкови

Испратени документите за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски


Архива - Министерство за правда.

Министерството за правда ги испратило до грчките власти документите за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, потврдуваат од Министерството за МИА. Од Министерството посочуваат дека не се знае кога може да се очекува нивната екстрадиција во Македонија.

Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Македонските власти по нив имаа распишано меѓународни потерници, а тие се уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

Судењето на Грујевски и Бошковски во Солун е закажано за 1 декември.

XS
SM
MD
LG