Достапни линкови

Руска хокеарска ѕвезда започнува движење за поддршка на Путин


Руската хокеарска ѕвезда Александар Овечкин во дресот на Вашингтон Кепиталс

Руската хокеарска ѕвезда Александар Овечкин, кој е капитен на тимот Вашингтон Кепиталс од американската професионална хокеарска лига(НХЛ), најави дека започнува движење за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин. Овечкин вчера на Инстаграм напиша дека почнува „општествено движење наречено Тимот на Путин“. Тој наведува дека никога не ги криел своите чувства за Путин и дека „секогаш отворено го поддржувал“.

Овечкин, кој е роден во Москва, има 30 настапи за руската хокеарска репрезентација и три освоени светски првенства.

По објавата, 32-годишниот Овечкин се обиде да ги ублажи своите коментари, велејќи дека тоа не е политичка изјава во пресрет на претседателските избори во март 2018 година, туку оти сака да ја покаже поддршката за Русија.

„Јас само ја поддржувам мојата земја. Тоа е местото од каде што потекнувам, моите родители живеат таму, сите мои пријатели. Како и секој човек од секоја земја, тие ги поддржуваат нивните претседатели“, рече тој доцна синоќа.

„Не се работи за политика“, додава тој.

XS
SM
MD
LG