Достапни линкови

Заедничка седница на Владите на Македонија и Бугарија во Струмица


Архивска фотографија: Премиерот на Бугарија Бојко Борисов, заедно со висока делегација, во официјална посета на Македонија на 1 август 2017

Теми од заеднички интерес, со фокус на разговорите за напредокот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија ќе бидат разгледани на заедничката седница на владите на двете земји, која ќе се одржи на 23 ноември во Струмица, соопшти денеска прес-службата на бугарската Влада.

Претходно, и македонската Влада донесе одлуки за заеднички седници со Бугарија, како и со Албанија на 2 декември.

Седницата на двете влади ќе заврши со полагање венец на споменикот на загинатиот претседател Борис Трајковски.

Заедничката седница е континуитет на позитивниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, се наведува во соопштението на прес-службата на бугарската Влада.

Одржување заедничка седница било договорено за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов на почетокот на август, кога беше потпишан Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу двете држави.

XS
SM
MD
LG