Достапни линкови

Сакал да го продаде Дејтонскиот договор за 50 илјади евра


Потпишување на Дејтонскиот мировен договор на 14 декември 1995 во Париз

Човекот што се сомничи дека се обидел да го продаде оригиналниот Дејтонски договор денеска ќе биде испитан во јавното обвинителство во Бања Лука, потврди обвинителството. Жељко Кунтош вчера беше уапсен под сомнение за кривичните дела трговија со влијание и фалсификување или уништување службена исправа. Тој се сомничи дека откако дошол во посед на оригиналниот текст на Дејтонскиот договор на англиски јазик, се обидел да го продаде за 100 илјади конвертибилни марки, односно за околу 50 илјади евра.

Кунтош беше возач, телохранител и еден од најблиските соработници на поранешниот претседател на Народното собрание на Република Српска, Драган Калиниќ.

Босанскиот оригинал на договорот беше пријавен за исчезнат во 2008 година.

XS
SM
MD
LG