Достапни линкови

Нема веќе бесплатен простор за донаторите на Ќосето


Споменикот на Андон Јанев Лазов - Ќосето во Скопје

Владата ја поништи одлуката со која во ноември 2015 година простор во Трговскиот центар „Скопјанка“ му бил доделен на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија.

Овие простории, што до 2011 година ги користело Здружението на децата бегалци, како што денеска изјави министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, од 2011 година до денес се празни и не се користат.

На вчерашната владина седница, како што нагласи Адеми, не е донесена одлука за доделување на овие простории на друго здружение.

Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин ги донираше спомениците на Андон Лазов Јанев – Ќосето, генерал Михајло Апостолски, Ѓорѓи Сугарев, Никола Петров Русински, Пере Тошев, Света Лидија и на Децата бегалци од Егејска Македонија, поставен кај хотелот „Холидеј ин“.

XS
SM
MD
LG