Достапни линкови

СПЦ против правото на абортус во Србија


митрополитот Амфилохиј

Белградската адвокатка Јелена Дренча побара од Српската православна црква да преземе „дисциплински мерки“ против метрополитот Амфилохиј, поради неговата изјава дека „Србинките станале мајки-чедоубијци“. Метрополитот Амфилохијe за време на црковна служба во Косово на 15 октомври, наведе дека „во своите утроби српските жени секоја година убиваат повеќе деца отколку Мусолини, Хитлер и Тито“. Поглаватор на СПЦ, патријархот Иринеј не ја оспори изјавата на метрополитот Амфилохијe. Иринеј на 28 октомври се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што двајцата изразија загриженост за намалувањето на наталитетот во Србија.

XS
SM
MD
LG