Достапни линкови

Касами-ДУИ стана огранок на СДСМ


Архивска фотографија-претседателот на Беса Биљаљ Касами

Во Македонија згасна една партија на Албанците и сега ДУИ слободно може да се смета за огранок на СДСМ, изјави претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, додавајќи дека ако се земат предвид гласовите на Албанците ова партија има двојно повеќе гласови во споредба со ДУИ.

ДУИ се трансформира во огранок на СДСМ, рече Касами додавајќи дека оваа партија вечерва згасна и СДСМ стана суверен за повеќето Албанци.

„ДУИ веќе ја нема, но затоа има еден огранок на СДСМ“.

Касами кажа дека победата на ДУИ е поради коалицијата со СДСМ, и затоа побара предвремени парламентарни избори. Претседателот на Движењето БЕСА го призна поразот во Тетово и Чаир, и им се заблагодари на симпатизерите на БЕСА и Алијансата за Албанците, кои максимално беа посветени.

XS
SM
MD
LG