Достапни линкови

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јанчев прогласи победа во Кавадарци


Илустрација-седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев вечерва прогласи победа на локалните избори.

"Денеска победи Кавадарци, победи општината, го избравте правиот човек кој ќе ве води во прав правец, истото ви го ветувам и денеска како што го ветував и претходно. Пред се сакам да се заблагодарам на сите жители во Кавадарци, на сите оние кои излегоа да гласаат без разлика од која страна, Кавадарци е убава општина и ќе биде најубава", рече Јанчев на прославата на градскиот плоштад.

Јанчев нагласи дека знае да работи и да менаџира со општинскиот буџет и се заблагодари на неговиот тим и за поддршката од кавадарчани.

"Ги поздравувам и од спротивната страна и да им кажам ќе имаат прекрасна соработка со мене, само во интерес на општината. Ќе соработувам со секого без разлика од која партија е само во интерес на Кавадарци", додаде Јанчев.

XS
SM
MD
LG