Достапни линкови

Села не ги признава изборните резултати


Архивска фотографија-претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села не ги признава резултатите од денешното гласање за локалните избори на кое, како што изјави вечерва, имало поткуп и уцени на гласачи вршени од партиски активисти заедно со полицијата на „правната држава“.

"Не го признаваме овој резултат", рече Села и најави дека ќе достават жалби до општинската изборна комисија и до Државната изборна комисија.

Му порача лидерот на ДУИ Али Ахмети дека го чека на парламентарни избори и оцени дека лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев иако декларативно се залагал за живот, рамноправност и соживот, успеал, како што рече, уште повеќе да ја продлабочи делбата помеѓу етничките заедници во Струга.

"Имајќи предвид дека демократијата е волјата на мнозинството, а мнозинството во Струга е на албанското население, во сите албански села 100 проценти и кај албанското гласачко тело го имаме победено ДУИ и тоа со длабок рзултат од два спрема еден. Останува сега тој да даде одговор. Не сме ги изгубиле изборите. Напротив, ако некој сакал да удира врз мојот легитимитет како претседател на Алијансата на Албанците ме направиле уште посилен. Али Ахмети те чекам на парламентарни избори", изјави Села.

XS
SM
MD
LG