Достапни линкови

ОН ја обвинија сириската влада за напад со сарин


По нападот со отровен гас во селото Кан Шеикун, Сирија, 04.04.2017.

Во извештајот на Обединетите нации објавен вчера се наведува дека силите на сириската влада во април годинава користеле отровен гас сарин во селото Кан Шеикун кое било под контрола на бунтовниците при што загинаа 87 луѓе. Меѓу нив најмалку 30 биле деца. Со тоа е потврден претходниот извештај на Организацијата за забрана на хемиското оружје. Соединетите држави веднаш по нападот соопштија дека владата на претседателот Башар ал Асад е одговорна за него и изведе напад врз базата Шајрат.

XS
SM
MD
LG