Достапни линкови

Рибарев поднесе оставка како в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1


Стојанче Рибарев

В.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, вчера поднел оставка на функцијата, информира денеска Судскиот совет. Во соопштението се наведува дека Рибарев на 20 октомври отворил боледување и го известил советот дека негова замена ќе биде судијата Диана Груевска Илиевска, а вчера поднел писмена оставка „од лични причини“.

Рибарев ќе продолжи да биде судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Судскиот совет најави дека во најкраток можен рок ќе закаже и одржи седница и „ќе одлучува во рамките на своите законски надлежности“.

Стојанче Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд Скопје од мај годинава.

XS
SM
MD
LG