Достапни линкови

Абоминацијата во секое општество дефинирана како сиромаштија


Дамјан Николовски, волонтер во Македонска платформа против сиромаштија
Дамјан Николовски, волонтер во Македонска платформа против сиромаштија

Сиромаштијата никогаш не е сама. Секогаш е следена, проследена со други социјални проблеми. Невработеноста, социјалната исклученост, нарушените семејни односи, нарушено здравје, лошото домување, сите тие се тој склоп на абоминацијата кои ако се хронични целокупната слика ја прават се поужасна и погадна, пишува волонтерот во Македонска платформа против сиромаштија, Дамјан Николовски во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Борбата против сиромаштија, ерадикација на апсолутната сиромаштија, и сите други соочувања со сегментите кои се во корелација или произлегуваат од сиромаштијата, независно дали постои соработка помеѓу секторите, претставуваат секојдневни дејности во едно општество.

17-ти Октомври e Меѓународниот ден на борба против сиромаштијата, денот кој симболично го одбележува секојдневието во едно општество. По повод тој ден сакам со оваа колумна да го одбележам, преку одреден синоним да ја прикажам сиромаштијата и нејзината манифестација.

Зборувајќи за сиромаштијата, можеме да зборуваме локално, национално, меѓународно, па дури и на глобално ниво, или во вид на еден индукциски приказ, почнувајќи од поединецот се проширува сè до глобално ниво. Светските организации, Обединетите нации, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд, супра-националната организација во Европа, Европската унија, спроведуваат голем број на политики, во вид на програми, договори или документи за намалување и искоренување на сиромаштијата. Или пак на Светскиот самит на Обединетите нации(2000г.), искоренувањето на екстремната сиромаштија беше дефинирана како Милениумска развојна цел.

Што е сиромаштија е општо познато, може да се каже дека потсвесно во секој човек кој живее во едно општество, се наоѓа тој ризик од сиромаштија или да фразирам на поразличен начин, еден од поголемите мотиватори на секој човек кој е успешен или пробува да успее е стравот од тоа да живее во сиромаштија. Класична приказна од тоа како стравот може да го употребиме како мотиватор во животот. Поради тоа решив сиромаштијата да не ја објаснувам, туку само на некој начин да ја прикажам со одреден синоним.

Синонимот за кој пишувам се наоѓа во самиот наслов, абоминација. Абоминација може да се дефинира како нешто гнасно, ужасно, гадост или како дејствије сквернавење. Ставено во конотација со сиромаштијата, абоминацијата во општеството претставува извалкување и повредување на самото општество, создавање на нешто непожелно, кое го уназадува. Тоа укажува дека сиромаштијата го спречува социјалниот и економскиот развој на секое општество, спомнувајќи ги социјалниот и економскиот развој заедно поради тоа што се неделиви и неразделни компоненти, меѓусебно поврзани, а со тоа de facto е спречен и одржливиот развој.

Сликовито, визуелно прикажана абоминацијата од моја гледна перспектива изгледа како склоп на повеќе такви ужасни работи, кои ја создаваат целосната слика. И тоа на таков начин што тие се грубо но цврсто зашиени со конец. Односно сиромаштијата никогаш не е сама. Секогаш е следена, проследена со други социјални проблеми. Невработеноста, социјалната исклученост, нарушените семејни односи, нарушено здравје, лошото домување сите тие се тој склоп на абоминацијата кои ако се хронични целокупната слика ја прават се поужасна и погадна.

На ваков начин и преку ваков синоним, сакам да ја доловам ситуацијата во општеството, поточно борбата, која што секој ден голем број на поединци и семејства ја водат, од националност до националност и со тоа симболичноста на овој ден на борбата против сиромаштија ја прават меѓународна.

XS
SM
MD
LG