Достапни линкови

Работа, колку да не е без ич ...


Сашко Јованов, Македонска платформа против сиромаштија

Во Македониај секој трети работник е сиромашен, пишува Сашко Јованов, Македонска платформа против сиромаштија, во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Пред еден месец се одржа шестата конференција на лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост, единствена конференција од ваков вид каде што сиромашните и социјално исклучени граѓани имаат можност активно да учествуваат во процесот на донесување на одлуки.
Oваа конференција беше посветена на вработените сиромашни граѓани, тема актуелна во Европа по кризата во 2008 година и затоа беше насловена „Работа, колку да не е без ич“.

Коференцијата беше одлично посетена, присуствуваа над 120 лица од граѓанскиот сектор, институции, вработени сиримашни, кои гласно говореа за проблемот на денешницата, како е да си вработен, а сепак сиромашен.

Во Македонија 220 000 работници или секој трети работник е вработен, а сиромашен, бројка која укажува за аларамантна ситуација во нашата ни држава. За да бидеме на чисто и свесни за самиот проблем сиромашни вработени граѓани е состојба на сиромаштија која што ги погодува луѓето и покрај фактот дека тие се вработени.
Или замислете ако 10.080 или 9.000 денари, претходно сте имале приход во вашето семејство, па истиот приход го поделите на четири члено во семејството, е многу малку за да можеме да збориме за достоинствен и квалитетен живот.

Според податоците од МТСП, претходната минималната плата од 10 080 денари, била за 2000 денари пониска од линијата на сиромаштија. Поради тоа што четиричлено домаќинстов во Македонија треба да прима плата од 12 000 денари за да може секој месец да биде над линијата на сиромаштија.

Од тука, како што можеме и самите да заклучиме, минималната плата која се предложи од 12 000 денари и се усвои, во основа според сите пресметки од експертите, не би требало да дозволи да се биде под линијата на сиромаштијата.

Но за да можеме сепак да опстанеме со оваа плата, потребни се и дополнителни сервиси на локолно и централно ниво, кои ќе бидат во служба на граѓаните и во решавање на останатите проблеми.
Истот така потребно е олеснување на одредени бирократски процедури кои навидум се занемарливи, но сепак ќе олеснат голем број на проблеми со кои се соочуваат граѓаните чекајќи во редови, изгубени денови и нерешени проблеми.

Доколку надлежните сериозно го разгледуваа проблемот со сиромаштијата од секаков вид и чекор по чекор почнеа да ги решаваат овие проблеми, тогаш и проблемите на граѓаните ќе се намалуваат, а не само да зборуваме за бројки, да креираме политики кои не се ефикасни или се само пишан документ.
Да, тоа е вистината, тоа се болните проблеми на нашиот народ, кој, како што вели, ги забележуваат само кога имаат корист од нив, а ги нема кога треба истите да им понудат услови за подобар и поквалитетен живот.

Следејќи го Европскиот пример потребно е државата навистина да увиди дека платформите кои се борат за намалување на сиромаштијата се нивните вистински социјални партнери, кои работата дирекно со граѓаните и ги слушаат нивните проблеми и маки секој ден.
Македонија има највисока стапка на сиромаштија, според кој било индикатор. И од тука можеме да заклучиме дека треба одговорните носители на одлуки да го слушаат гласот на сиромашните, гласот на експертите по сиромаштија, крпејќи ги секундите, минутите, часовите за да преживеат помислувајќи на подобро утро или ден кој може да појави светлина за решавање на нивните маки.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG