Достапни линкови

Нови тензии меѓу републиканците околу Трамп


Тензиите меѓу републиканците за претседателот Доналд Трамп се разгореа кога двајца сенатори во еден ден го обвинија дека ја деградира позицијата на Соединетите Држави на меѓународната сцена. Според посматрачите, ова може да предизвика проблеми во агендата на Трамп при донесувањето закони во Конгресот.

Сенаторите Боб Коркер и Џеф Флејк, кои најавија дека нема да се кандидираат за уште еден сенаторски мандат, го нападнаа претседателот Трамп на денот што требаше да го покаже партиското единство на републиканците во врска со даночната реформа.

Но, ручекот со републиканците во Капитол Хил се чини имаше спротивен ефект.

Веднаш потоа, републиканскиот сенатор од Аризона Џеф Флејк, најавувајќи дека нема да се кандидира, го критикуваше претседателот Трамп со зборови кои ретко се слушаат од говорницата во Сенатот.

„Идејата дека треба да се молчи како што се поткопуваат нормите и вредностите кои ја држат Америка силна, и како сојузите и договорите кои ја обезбедуваат стабилноста на целиот свет рутински се загрозени од нивото на мислата што се движи во 140 карактери - идејата дека треба да се каже и да не прави ништо во лицето на таквото однесување е историско и, верувам, длабоко погрешно“, рече тој.

Флејк ова го изјави неколку часа откако сенаторот Боб Коркер го потресе Вашингтон, велејќи дека претседателот Трамп ја деградирал нацијата со „постојани невистини“.

„Не знам зошто се спушта на толку ниски, ниски стандарди и ја деградира нашата земја на начинот што го прави, но тој го прави тоа“, изјави Коркер кој порача:

„Остатокот од нас треба да го направиме она што можеме за да дејствуваме како државници и да се обидеме да ја придвижиме нашата нација во време кога имаме лидер каков што имаме сега, а тоа е секако она што јас ќе се обидам да го направам“, рече тој.

Трамп и Коркер веќе неколку недели се во затегнати односи, односно откако републиканецот од Тенеси објави дека нема да се кандидира за нов мандат.

Американскиот претседател Доналд Трамп им го врати ударот на двајцата сенатори, вообичаено со порака на Твитер, наведувајќи дека тие и онака не би можело да бидат избрани за уште еден мандат без негова поддршка.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG