Достапни линкови

Повторно одложено судењето на Грујевски и Бошкоски во Солун


Горан Грујевски и Никола Бошкоски, под придружба на грчки полицаец, го напуштаат судот во Солун

Судењето на поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски денеска повторно е одложено поради необезбеден преведувач, јавува МИА. Тие минатиот петок беа изведени пред судот во Солун поради поседување лажни патни исправи.

Грујевски и Бошкоски за кои македонските власти распишаа потерница се обвинети од СЈО за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување во случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Тие беа уаспени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

XS
SM
MD
LG