Достапни линкови

Заев - Можно е ДПА да биде дел од Владата


Архива.

Една од алтернативите е и ДПА да биде составен дел на Владата, важно е програмата да биде прифатена, дали стојат зад проектите кои сме ги ветиле пред граѓаните, заедно да ги реализираме, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

"Досега немаме седнато на маса да правиме комбинации за нова влада, промени на влада или слично. Секако, локалните избори се многу важни, општините се многу важни и нема да е за чудо тоа ако предизвика одредени промени, но нема да е за чудо ако останат исти позиции", рече Заев.

XS
SM
MD
LG