Достапни линкови

Грчката полиција го потврди апсењето на Груевски и Бошкоски


Архивска фотографија: Горан Грујевски пред Основен суд Скопје 1

Грчките власти потврдиле дека уапсиле двајца мажи на аеродромот во Солун, кои од Македонија се бараат за обвиненија поврзани со нелегално прислушување, пренесува БТА.

Полицијата соопшти дека двајцата биле уапсени минатата ноќ на аеродромот во Солун со лажни бугарски документи.

Претставник од грчкото правосудство, кој сакал да остане анонимен, изјави дека обвиненијата за овие две лица се поврзани со скандал за незаконско прислушување.

Министерството за правда треба да ја почне постапката за екстрадиција откако ќе го добие известувањето од Интерпол за апсењето на Горан Грујевски и Никола Бошкоски во соседна Грција.

Од Министерството за правда информираат дека се уште немаат добиено такво известување од Интерпол.

Министерството за внатрешни работи сè уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници.

Бошкоски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

XS
SM
MD
LG