Достапни линкови

ЈО: Лишени од слобода три лица инволвирани во насилствата во Собранието


осомничените за насилствата во Собранието на 27 април

Три лица чиј идентитет е утврден со помош на фотографии, објавени од МВР со одобрение од Јавното обвинителство, а инволвирани во кривично правниот настан во Собранието на Република Македонија од 27 април биле лишени од слобода, информира Јавното обвинителство на Македонија. „Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени“, се наведува во соопштението на ЈО. Фотографиите и повикот до граѓаните за нивно препознавање беа објавени согласно член 277 од Законот за кривична постапка, по претходно дадено одобрение од Основното јавно обвинителство Скопје и во соработка со Министерството за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG