Достапни линкови

Поднесени кривични пријави против осомничените во акцијата „Агрокор“


Против осомничените во случајот „Агрокор“ полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на довербата во стопанското работење, фалсификување службени документи и прекршување на обврската за водење на трговски и деловни книги.

- Сите уапсени лица се предадени на претпоставениот во притвор и претпладнево е поднесена кривична пријава до канцеларијата на надлежното Државно обвинителство, соопшти полицијата.

Инаку, во тек е распит на 12-те осомничени кои беа уапсени вчера.

Покрај Ивица Тодориќ и неговите синови Анте и Иван, кои не се во Хрватска, во случајот „Агрокор“ осомничени и вчера уапсени се и членови на управниот или надзорниот одбор на „Агрокор“и една вработена во ревизорската куќа „Бејкер Тили“, која ги правела ревизорските извештаи за „Агрокор“

Акцијата започна откако Агрокор пријави милионски загуби и беше ставен под државно управување.

XS
SM
MD
LG