Достапни линкови

Промени во пратеничкиот состав по локалните избори


Пратениците Стефан Богоев и Петре Шилегов беа избрани за градоначалници

Пратеникот Чедомир Саздовски од ГРОМ вчера го информирал претседателот на Собранието Талат Џафери дека веќе нема да биде пратеник на ГРОМ, туку дека ќе биде независен пратеник.

По локалните избори се очекува собранискиот состав да претрпи одредени промени, зашто некои пратеници дадоа оставки пред локалните избори, а некои беа избрани за градоначалници.

По вториот круг на локалните избори ќе се знае колку нови пратеници ќе има Собранието, но и бројот и составот на пратеничките групи имајќи предвид дека Саздовски беше дел од една од десетте пратенички групи од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

По првиот круг на локалните избори, пак, извесно е дека членови на пратеничката група на СДСМ повеќе нема да бидат Петре Шилегов, кој стана градоначалник на Град Скопје, Стефан Богоев кој победи во скопската општина Карпош, Сашо Поцков кој е нов градоначалник на Гевгелија и Максим Димитриевски, кој е избран за прв човек на Куманово.

Меѓу пратениците кои ќе бараат глас за градоначалник во вториот круг од локалните избори се и пратениците Бетиане Китев, Благој Бочварски и Курто Дудуш од СДСМ и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оставки на пратеничките функции пред изборите поднесоа пратениците Бардиљ Даути од ДПА и Билал Касами од Беса, кои се кандидираа за градоначалници.

XS
SM
MD
LG