Достапни линкови

МОСТ - Првиот круг од изборите во фер и демократска атмосфера


Извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

Прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ, според извештаите и информациите добиени од набљудувачите, е дека првиот круг од локалните избори се одржа во фер и демократска атмосфера, а граѓаните слободно излегоа и го дадоа својот глас, изјави извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ Дарко Алексов.

Тој ја поздрави и брзата и ефикасна реакција на институциите во текот на гласањето.

„Сите изолирани случаи на фотографирање на гласачки ливчиња беа навремено и ефикасно адресирани од страна на избирачките одбори, во соработка со полицијата која овозможи соодветно спроведување на законските одредби, што не беше случај во минатото. Ова придонесува кон спречување на притисоците врз граѓаните слободно да гласаат“, истакна на денешната прес-конференција Дарко Алексов.

Полицијата, додаде тој, беше ефикасна и при отстранувањето на неовластените лица кои беа присутни пред и во дел од објектите во кои се сместени гласачките места.

На избирачките места каде што биле забележани технички предизвици при спроведувањето на гласањето, избирачките одбори и општинските изборни комисии навремено и ефикасно реагирале.

XS
SM
MD
LG