Достапни линкови

Хилари Клинтон повторно ги обвини велешките сајтови за изборниот пораз


Поранешната прва дама и поранешен државен секретар на САД, Хилари Клинтон

Поранешната прва дама и поранешен државен секретар на САД, Хилари Клинтон повторно ги обвини сајтовите за лажни вести од Велес за изборниот пораз што го претрпе од актуелниот американски претседател Доналд Трамп на ланските претседателск избори.

Во интервју за Би-Би-Си, дадено за време на нејзината посета на Велика Британија, Клинтон го повтори обвинувањето што првпат го изнесе во јуни, пренесува МИА.

„Путин сака да ги поткопа НАТО, Европската Унија и стабилноста на Америка, и има доста искуство од советско време, па до денес во подготовката на пропагандни кампањи. Постојат организации за создавање материјали, т.н. контент фарми, во места како што се Македонија, од каде се пуштаат лажни вести. Имаме Руси кои се претставуваа како Американци и ме напаѓаат мене лично. Тоа беше дел од нивните активности, со кои сееја недоверба и поделби“, изјави Клинтон во интервјуто за Би-Би-Си.

Таа обвини дека Русија сакала да му помогне на Трамп да победи на изборите, но не се надевала дека руските активности ќе бидат толку успешни.

Американски медиуми, меѓу кои и Базфид и Си-Ен-Ен, повеќепати го посочуваа Велес како центар за лажни вести за Хилари Клинтон преку наменски создадени интернет портали или социјалните мрежи.

XS
SM
MD
LG