Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Бројни нерегуларности и кршење на изборниот закон


Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Србов. Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Изборниот ден помина со бројни нерегуларности и кршење на изборниот закон, оцени вечерва ВМРО-ДПМНЕ. Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Србов на вечерашната прес-конференција во партиското седиште во Скопје рече дека се узурпираа државни ресурси, се вршеше притисок, се поткупуваа гласачи, граѓани организирано се превезуваа на гласачките места, во Охрид се појавија гласачки ливчиња од Општина Карпош, а полициски џипови со членови и симпатизери на СДСМ кружеа низ повеќе градови.

„Треба само да бидеме среќни што немаше нови жртви и повредени, иако во текот на денот пристигнаа извештаи и за насилни инциденти“, рече Србов.

Тој додаде дека за сите инциденти се направени записници и се известени меѓународните претставници.

Србов не одговори директно на прашањето дали овие критики значат дека ВМРО-ДПМНЕ може да не ги признае резултатите од изборите.

XS
SM
MD
LG