Достапни линкови

ДИК - Демократски и фер избори без инциденти


Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска

Државната изборна комисија оцени дека денешните локални избори биле демократски, фер и без инциденти. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска рече дека партиите го испочитувале кодексот за фер и демократски избори. Таа рече дека ДИК успеала институционално да ги надмине сите проблеми и оти до нив стигнале 50 приговори од граѓани за заштита на избирачкото право.

Најавија дека првичните резултати ќе ги објават на полноќ.

XS
SM
MD
LG