Достапни линкови

МВР - Изборите поминаа мирно, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Изборниот ден помина мирно и без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир, оцени Министерството за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната прес-конференција по затворањето на гласачките места, посочи дека изборите поминаа во мирна атмосфера. Тој дека се забележани повеќе мали инциденти како фотографирање на гласачко ливче, гласање за друг, поткуп и носење гласачи на избори.

„Досега примени се 46 пријави по разни основи. Во полициската статистика евидентирани се 44 прекини на гласање, на одделни избирачки места, каде што после консултации и краток застој, гласањето е продолжено. Приведени се десет луѓе за фотографирање на ливче и едно лице од Скоје за неовластено снимање. Приведени се три лица под основно сомнение за давање поткуп при гласање во Битола во близина на избирачкото место во ОУ „Ѓорги Сугаре“. По основ на гласање во име на друго лице приведени се две лица во Мирковци и во Кавадарци“, вели Спасовски.

Внатрешната контрола на МВР постапувала во шест случаи кога било пријавено дека полициски службеници се однесувале незаконито или непрофесионално. За овие случаи констатирано е дека три пријави се неосновани, за една немало докази, а на еден случај се работи се уште. Една пријава е основана, вели министерот.

XS
SM
MD
LG