Достапни линкови

МВР - Обид за физичка пресметка во Горно Седларце и фотографирање гласачки ливчиња


Локални избори 2017

Министерството за внатрешни работи информира дека попладнево во текот на локалните избори е регистриран обид за физичка пресметка меѓу гласач и член на избирачки одбор, осум случаи на фотографирање гласачки ливчиња и две гласања во име на друго лице.

Според соопштението од МВР, во гласачко место во село Горно Седларце, тетовско, регистриран е обид за физичка пресметка меѓу гласач и член на избирачки одбор. До инцидентот дошло поради нарушени меѓусебни односи.

Исто така, соопштува МВР, евидентирани се осум пријави за фотографирање гласачки ливчиња, од кои расчистени се седум случаи односно седум лица се приведени, од кои четири во Скопје, две во Охрид и уште едно лице во Центар Жупа. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МВР информира и дека се приведени две лица на гласачко место во скопско Мирковци и на гласачко место во Кавадарци. Во првиот случај лице гласало во име на својата мајка, а во Кавадарци лице гласало во име на својата сопруга.

XS
SM
MD
LG