Достапни линкови

Мирен изборен ден во Куманово


Куманово

Изборниот процес во Куманово до 17 часот се одвива регуларно и без изборни прекршувања, велат од Општинската изборна комисија, правобранителот и партиите. Освен некои технички проблеми, кои за кусо време се надминати, до правобранителот и од ОИК не се поднесени пријави.

Има забелешки дека на повеќе избирачки места немало Браево писмо. „Слепите имаат право да гласаат, мислам дека е несоодветно да им помага некој, зашто прашање е дали е тоа тајно гласање“, изјави правобранителот Насер Весели.

Излезноста, според податоците од партиите, е помала од последните парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG