Достапни линкови

За успешност на изборите потребна е излезност од над една третина


За локалните избори да бидат успешни, мора на гласање да излезат над една третина од запишаните гласачи, предвидува Изборниот законик.

Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник не излезат една третина од вкупниот број на избирачи во една општина, се повторува целата изборна постапка во таа општина.

За победа во првиот круг на изборите, за кандидатот за градоначалник треба да гласаат повеќе од половина од оние кои излегле на избори.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува за 14 дена, односно на 29 октомври. Во вториот круг ќе биде избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Во голем дел од општините во источна Македонија, овој услов за 33 отсто излезност е исполнет уште во 13 часот, додека помала излезеност има во општините во западниот дел на земјата.

XS
SM
MD
LG