Достапни линкови

МВР - До 14 часот нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир на изборите


Локални избори 2017

До 14 часот нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на изборите, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека до 14 часот се примени уште 19 пријави по однос на изборни нерегуларности, како поткуп на гласачи, носење гласачи на избори, фотографирање на гласачко ливче, како и гласање за друг. Претходно до 11 часот беа поднесени седум пријави во врска со изборни нерегуларности.

Евидентирани се и 10 прекини на гласање на одделни избирачки места каде што после консултации и краток застој од по 15 до 20 минути гласањето е продолжено.

„Исто така од досегашните активности по пријави од граѓани - осум пријави се веќе расчистени - две во радовишко, четири во валандовско и две во струмичко и тие се отфрлени како неосновани. Потоа, во два случаи идентификувани се лицата за кои се однесуваат пријавите и се работи на целосно расчистување на тие пријави. Во еден случај, во Струга, идентификувано е лице по однос на пријава за поткуп на гласачи и се прават консултации со надлежен Јавен обвинител при ОЈО Струга, а во Кавадарци едно лице е лишено од слобода, бидејќи гласал и во име на неговата сопруга. Се работи на расчистување на случајот“, се вели во соопштението од МВР.

Расчистен е и случајот со нарушениот јавен ред и мир во Бутел и ќе бидат поднесени прекршочни пријави за „тепачка“ и „нарушен јавен ред и мир со оддавање на пијанство“.

Во Кочани е поднесена кривична пријава против лицето С.А. (36) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело - „поткуп при избори и гласање“.

XS
SM
MD
LG