Достапни линкови

Излезноста до 13 часот е 27,11 проценти, помала од минатите избори


Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска

Излезноста на гласањето на ниво на Република Македонија на денешните избори до 13 часот, според податоците што ги соопшти Државната изборна комисија, изнесува 27,11 проценти.

Ова е помала излезност од парламентарните избори што се одржаа на 11 декември 2016 година, кога до 13 часот на гласање беа излезени 34,83 отсто од регистрираните избирачи.

Во Скопје, како што соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, излезноста е 29,17 проценти.

XS
SM
MD
LG