Достапни линкови

ДИК: Денешното гласање се одвива без проблем


Архивска фотографија - Љупка Гугучевска, портпаролката на Државната изборна комисија.

Гласањето на болните, изнемоштените и раселените лица, како и на затворениците во казнено поправните установи, што се одржува ден пред утрешните локални избори, засега се одвива добро и без проблеми, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска.

Гласачките места се отворени во 7 часот утрото и гласањето ќе трае до 19 часот.

На ден пред изборите се гласа во 13 казнено-поравни установи каде право на глас имаат 1.882 избирачи. Своето гласачко право денеска ќе го искористат 5.025 болни и изнемоштени лица, како и лица во куќен притвор. Денеска гласаат и девет внатрешно раселени лица

XS
SM
MD
LG