Достапни линкови

Казнета докторката на чие дежурство починаа четири бебиња


Докторката од Клиниката за гинекологија и акушерство која пред околу три недели била дежурна ноќта кога четири новороденчиња починаа во таа јавна здравствена установа, шест месеци ќе зема 30 отсто помала плата и ќе работи само прва смена под надзор на колеги. Ќе и биде одземена и субспецијализацијата за неонатологија. Ова е одлуката на дисциплинската комисија за која денеска информираа од комисијата, а е прифатена од страна на директорката на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска.

Членот на дисциплинската комисија, Сашо Стојчевски рече дека одлучиле со мнозинство гласови да се прифати оваа казна која е практично заснована на статутот на Клиниката за гинекологија и акушерство и Законот за здравствена заштита. Посочи дека не била утврдена стручна одговорност кај докторката од посебната комисија на Министерството за здравство која ги испитувала сите случаи на четирите смртни случаи на новороденчиња.

Од Клиниката информираат дека додека била на дежурство докторката направила два прекршока: го напуштила работното место без да побара замена и не се појавила на породување со царски рез.

XS
SM
MD
LG