Достапни линкови

Протести во Барселона против независноста на Каталонија


Архива - Демонстранти на плоштадот во Барселона. 07.10.2017

Стотици луѓе денеска се собраа на протести во центарот на Барселона против притисокот на регионалната влада за отцепување на Каталонија од Шпанија. Протестот беше организиран од групата које е против каталонската независниост „Societat Civil Catalana.“

Во извештаите се вели дека денеска многу демонстранти патувале од Мадрид во Барселона за да учествуваат во протестот.

Протестите доаѓаат една недела откако владата во Каталонија која е за независност, одржа референдум за отцепување и покрај наредбата за суспензија од највисокиот суд во Шпанија.

Референдумот беше прогласен за нелегален од страна на владата во Мадрид, но регионалната влада во Каталонија вели дека ќе прогласи независност.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска вети дека неговата влада нема да дозволи Каталонија да се отцепи, велејќи дека „Шпанија нема да биде поделена и оти ќе се одржи единството на нацијата.“

Централната влада распореди дополнителни 4.000 полицајци во регионот. Каталонските власти велат дека 90 отсто од гласовите на 1 октомври биле за отцепување на регионот. Одзивот беше околу 42 проценти од регистрираните 5.3 милиони гласачи.

XS
SM
MD
LG