Достапни линкови

Димитров - Ќе сториме сè што можеме за да го решиме спорот за името


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Скопје ќе стори сè што може за да го реши прашањето за името на земјата со Грција, изјавил македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров за грчката државна новинска агенција АНА-МПА по завршувањето на дводневниот втор министерски состанокот на Грција, Албанија, Бугарија и Македонија во Солун.

Како што јави агенцијата, одговарајќи на прашањето дали може да види решение за проблемот во блиска иднина, Димитров рекол:

„Денеска сакам да останам на „големата слика“. Со цел да го решиме прашањето за името - и ние се разбира ќе направиме најдобро што можеме за да го решиме - важно е да се создаде позитивна рамка и да излеземе од браздите на историјата, бидејќи не можеме да ја промениме нашата историја, но можеме да влијаеме на нашата иднина, и оваа иднина ќе биде и заедничка и европска. Важно е да се инвестира во оваа насока. Ако постои национален интерес заеднички за сите земји, вклучувајќи ги и нашите, тоа е како да се направи најдобро за иднината на нашите граѓани. Ние сме на вистинскиот пат“, вели Димитров.

Шефот на македонската дипломатија вчера и завчера во Солун учествуваше на министерска средба со колегите од Грција, Албанија и Бугарија на која се дискутираше генерално за ситуацијата на Балканот, односите меѓу земјите, како на мултилатерално, така и на билатерално ниво, како и за многу аспекти од соработката меѓу нив.

XS
SM
MD
LG