Достапни линкови

Нобеловата награда за мир за Антинуклеарната кампања


Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје е годинашен добитник на Нобеловата награда за мир, објави денеска норвешкиот Нобелов комитет во Осло.

Наградата ѝ се доделува на организацијата за нејзината работа „во привлекување внимание кон катастрофалните хуманитарни последици од каква било употреба на нуклеарно оружје“ и за нејзините напори за договор за забрана за такво оружје, рече претседателот на комитетот Берит Рејс-Андерсен.

Меѓународната кампања е светска коалиција на невладини организации кои работат на целосна имплементација на Договорот за забрана на нуклеарно оружје, која беше формирана во 2007 година и има 468 партнерски организации во 101 држава.

Наградата се доделува во време на засилени тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG