Достапни линкови

Прва Парада на гордоста во Косово на 10 октомври


ЛГБТИ марш во Приштина на 17 мај 2016

Првата Парада на гордоста во Косово ќе се одржи на 10 октомври во Приштина, под слоганот „Во името на љубовта", објавија косовските медиуми.

Парадата ќе почне во 11:30 часот и ќе се движи по главните улици на Приштина, од плоштадот Скендербег, преку плоштадот Мајка Тереза до пазарот Захир Пајазити.

Предвидено е на крајот на парадата да се одржат кратки говори и културно- уметничка програма.

Во изминатите три години на Косово се одржаа три маршеви на ЛГБТ популацијата.

XS
SM
MD
LG